Шефот на Ред Бул: Ако си оди Макс ќе го донесам Пијастри

Објавено:

На денешната прес конференција за менаџерите на Формула 1 тимовите, новинарите беа заинтересирани повторно за истата тема – дали Макс Верстапен ќе си оди од Ред Бул од идната сезона?

Тие го прашаа шефот на Ред Бул тимот, Кристијан Хорнер, дали има план Б во случај Макс да оди во Мерцедес, а тој изјави кратко: “Оскар Пијастри”.

Пијастри кој е моментално лидер на табелата за освојување на шампионатот вози извонредно сезонава за Мекларен. Неговиот стил на возење се подобрува од сезона во сезона, а не е ни чудо што прв му падна на памет на Хорнер после таквото прашање.

Секако, веруваме дека тој го кажа ова на шега, но дали има и вистина во тоа, не би можеле да знаеме, особено ако се земе во предвид дека повеќето трансфери во Формула 1 се случуваат зад кулисите.

Погледнете го одговорот на Кристијан Хорнер:

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено