14.8 C
Skopje

Сегун застана на чекор од историја, Турција со втора победа на Еуробаскетот!

Објавено:

Турција го впиша вториот триумф на Еуробаскет 2025, совладувајќи ја Чешка со 92-78 и стигнувајќи до скор 2-0. Главен јунак повторно беше Алперен Сегун, кој блескаше со 23 поени, 12 скокови и 9 асистенции, а само едно додавање го одвои од историски трипл-дабл подвиг кој досега само три пати претходно се има случено на Еуробаскет.

Чешка започна жестоко, погодувајќи пет тројки во првата четвртина и запишувајќи дури 27 поени, но Турција не испаничи од нивниот налет. Избраниците на Ергин Атаман возвратија со серија од 14-0 во втората четвртина и целосно го преземаа ритамот на натпреварот.

Освен Сегун, свој придонес дадоа и Ерџан Османи со силен старт, како и Цеди Осман со уште една моќна трета четвртина. Турција доминираше во рекетот со 50-26 поени, целосно користејќи го изостанувањето на Весели и Балвин кај Чешка.

Иако поразени, Чесите изгледаа подобро отколку против Португалија. Мартин Петерка блескаше од клупа со 23 поени и пет тројки, но тоа не беше доволно да се спречи вториот пораз во низа.

Турција пак ја продолжува својата победничка низа, а турските навивачи во Латвија веќе скандираат “МВП” за Сегун, кој изгледа како човекот што може да ја одведе оваа генерација многу далеку.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено