На Порто им успеа нешто што ретко на кој му успеало во последните години – да го чува новиот играч во тајност до претставувањето пред своите навивачи.
Ние веќе пишувавме за изненадувањето кое го приредија со претставувањето на Лук де Јонг, а пишуваа и сите низ целиот свет.
Денес Порто уште еднаш се пофали со медиумскиот шок кој го предизвика во време кога повеќето информации се дознаваат многу порано од секакви извори, новинари за трансфери и протечени делумни информации.
Па, да кажеме и од нас уште еднаш – секоја чест Порто!
The day FC Porto and Luuk de Jong shocked the world 🤩#SeguimosJuntos pic.twitter.com/89UVngm7wG
— FC Porto (@FCPorto) August 4, 2025


