Селекторот Илиевски: “Ќе стојам зад овие играчи, ја имаат мојата поддршка”

 

Објавено:

Иако Македонија нема да биде дел од квалификациите за Светското првенство, тие утревечер ќе ја бараат првата победа против репрезентацијата на Унгарија, која ќе гостува во Скопје.

Селекторот Илиевски во пресрет на натпреварот изјави дека резултатите биле очекувани, бидејќи станувало збор за млад тим со кој се работи на долгорочната иднина.

“Најавеното на првиот наш прес беше тоа, да градиме тим за иднината. Меѓутоа мора да земеме еден факт кој е поразителен и ме загрижува, тоа е за ноемврискиот прозорец, е што се запознаваме овој месец, сите овие играчи не играат во едно високо натпреварување, или клубовите не играат меѓународни натпреварувања, па играчите немаат одредена улога во тимовите. Може да се случи она што не краси како енергија сега, да го продолжиме понатаму. Играчите кои се овде покажаа одредени квалитети, мислам дека требаа да имаат простор да добијат шанса во своите клубови, па така и клубовите да добијат од нив, но и ние како репрезентација, затоа што овие играчи не се штедат воопшто и се големи борци и работници”, истакна Илиевски.

Извор: https://kfsm.mk

Претходниот меч со Унгарија нашите кошаркари го изгубија во Солнок, но утре од 19 часот на Кале ќе се обидат да дојдат до првата победа во претквалификациите.

“Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и да победиме. На хартија сме далеку понеквалитетна екипа од Унгарија, во однос на искуство и на заеднички години, но ќе се бориме”, додаде тој.

Тој истакна и дека кошаркарите ја имаат целосната негова поддршка: “Ќе стојам зад овие играчи, сè додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб. тие ја имаат мојата поддршка”.

Кошаркарската федерација упати и повик до сите верни навивачи да дојдат утре во салата од 19 часот и да дадат поддршка на нашите кошаркари.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено