Вистинска “трансфер бомба” доаѓа од Велс! Легендарниот фудбалер Герет Бејл е на чело на конзорциум кој се обидува да го преземе фудбалскиот клуб Кардиф Сити.
Според информациите на угледниот медиум “The Athletic” и реномираниот новинар Дејвид Орнстин, групата предводена од Бејл минатиот месец испратила официјално писмо со понуда до сопственикот на клубот, Винсент Тан.
Иако првичната понуда била одбиена, изворите тврдат дека интересот на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид да го купи клубот од својот роден град останува исклучително силен. Останува да се види дали ќе следи нова, подобрена понуда во наредниот период.
View this post on Instagram



