Симулација од 1 милион пати открива: Ова се најверојатните противници за СП 2026

Објавено:

По лудиот симулатор кој ја забавуваше јавноста вчера, денеска добиваме нешто многу посериозно. Корисникот на Reddit, smala017, креираше софистицирана анализа базирана на 1.000.000 (еден милион) симулации на ждрепката за Светското првенство 2026, почитувајќи ги сите ригорозни правила на ФИФА.

Оваа „heat map“ графика прецизно покажува колкава е веројатноста (во проценти) секоја репрезентација да се најде во иста група со друга.

2026 World Cup Draw: Probability of Teams Being in the Same Group
byu/smala017 insoccer

Што вели математиката за фаворитите?

  • Шпанија, Франција, Англија, Португалија: Бидејќи се носители, имаат 0% шанса да играат меѓу себе во група.
  • Англија и Шкотска: Интересно е што постои реална шанса за „Британско дерби“, а еден корисник коментира: „Англија и Шкотска дефинитивно ќе бидат во група заедно“.
  • Холандија: „Лалињата“ имаат најголеми шанси да се паднат со Курасао или победникот од плејофот каде е Суринам, што би биле емотивни дуели.

Каде е Македонија во оваа равенка?

Ако погледнете внимателно на дното од графиката, во делот за плејоф победниците (каде се надеваме дека ќе биде Македонија), математиката открива интересни податоци. Ако Македонија се квалификува преку европскиот бараж (UEFA Play-off winners – означени како DEN/MKD/CZE/IRL на графиката), наши најверојатни противници од првиот шешир би биле:

  1. Мексико (20%)
  2. САД (20%)
  3. Бразил (19%)
  4. Аргентина (13%)

Шансите да ни се падне европски гигант како Шпанија, Франција или Англија се многу мали (само 2-3%), поради правилото на ФИФА за ограничување на бројот на европски селекции во една група.

Ова значи дека ако Македонија оди на СП, речиси сигурно ќе играме против јужноамерикански или северноамерикански носител!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено