Синер: Брат ми е тука денес, затоа што нема Формула 1 викендов!

Објавено:

Јаник Синер денес за прв пат го освои престижниот турнир Вимблдон, со што стана првиот Италијанец кој дошол до ваквата титула. Тој го совлада неговиот најголем ривал во моментов, Карлос Алкараз со 3:1, со што му оневозможи на Шпанецот да дојде до хет-трик на тревниот терен.

Во интервјуто после победата, Синер не заборави да се заблагодари на сите во својот тим, но и на својот брат кој овој пат го гледаше во живо од трибините.

“Целиот мој тим е неверојатен, но посебна благодарност до мојот брат кој е тука затоа што нема Формула 1 трка викендов”, се пошегува Синер.

Извор: https://x.com/Wimbledon

Шегата е продолжение на моментот кога неговиот брат реши да присуствува на трката во Имола, наместо да го гледа својот брат во живо на турнирот во Италија. Тогаш Синер изгуби токму од Алкараз во финалето, па не заборави да го спомене неговиот брат кој одбрал попрво да гледа Формула 1 трка, наместо финале на тениски турнир на кој игра брат му.

“Сакам да изразам особена благодарност до мојот брат, кој преферираше да гледа Формула 1 во Имола, наместо да биде тука да ме гледа мене”, се пошегува тогаш Јаник, а коментарот предизвика огромна смеа на трибините и социјалните мрежи.

Овој пат, тој имаше среќа што финалето на Вимблдон се играше во викенд кога нема трка, па неговиот брат имаше можност да го бодри од трибините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено