Синер доминантен и во вториот меч, за изедначување на скорот на Федерер

Објавено:

Сега за сега, изгледа како да нема вистински предизвик на патот до одбраната на титулата за светскиот рекет број 1, Јаник Синер, кој повторно фуриозно помина и во втората рунда.

Тој денес го победи Алексеи Попирин со 3:0, односно 6-3, 6-2, 6-2 во сетови, за влез во третата рунда на турнирот во Њујорк.

Синер со оваа победа се изедначи со скорот на легендарниот Рожер Федерер за разликата меѓу добиени и изгубени мечеви во првите 50 натпревари на тврда подлога во главните турнири.

Синер сега има скор од 41 победа и 9 порази, што е исто како и легендарниот Федерер. Зад нив се Рафаел надал и Новак Ѓоковиќ со 40 победи и 10 порази.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено