Синер губеше 2:0, па го доби мечот службено откако Димитров се повреди

 

Објавено:

Вистинска драма се случуваше вечерва на Централниот терен на Вимблдон, откако светскиот рекет број 1, Јаник Синер ги изгуби првите два сета од противникот Григор Димитров.

За време на вториот сет имаше медицински тајм-аут, но за Синер кој се повреди откако падна на раката, па никој не ни очекуваше дека натпреварот ќе заврши со службена негова победа, откако Димитров се повреди во третиот сет.

Извор: https://x.com/TheTennisLetter

Резултатот на првите два сетови беше 6-3, 7-5, а за време на третиот, при резултат од 2-2, Григор го повреди градниот мускул при волеј удар. За жал, никој од тенисерите или публиката не сакаше вака да заврши оваа интересна битка, но Бугарскиот тенисер едноставно не можеше да го продолжи мечот после повредата.

“Јас ова воопшто не го сметам за победа”, изјави Синер по службено добиениот меч. “Тој толку немаше среќа изминативе неколку години… ако има некаква шанса да игра во наредната рунда, целосно ќе го заслужи тоа”.

Синер беше покрај својот противник за да му пружи поддршка после повредата и да сподели прегратка, а беше видливо дека најдобриот светски тенисер сочувствува со својот другар.

Инаку, ова е прв пат во ерата на Гренд Слем турнирите некој да мора да се повлече од пет последователни турнири, неславен рекорд за Димитров.

Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: https://x.com/Wimbledon

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено