Ако во женска конкуренција бевме изненадени од елиминацијата на минатогодишната шампионка Арина Сабаленка во четврт-финалето, во машка конкуренција можеби сосема очекувано се најдоа Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Двајцата тенисери кои неодамна се сретнаа и во финалето на Вимблдон, ќе ни приредат уште еден тениски спектакл, овој пат на турнирот во Синсинати.
Јаник Синер го победи францускиот тенисер Теренс Атман, со резултат од 7(7)-6, 6-2 во сетови, за да стигне до својата 200-та победа во кариерата на тврд терен, и тоа во меч кој го одигра на својот 24 роденден.

Доминацијата на Синер беше доволна да се прекине неочекуваната победничка низа на Атман, кој како 136-то рангиран беше вистинско изненадување на турнирот. Тој беше првиот играч уште од 2015 година, кој успеал да стигне од квалификациите на турнирот до полуфиналето.
На Синер во финалето му се приклучи веќе добро познатиот ривал, Карлос Алкараз, кој во полуфиналниот меч го совлада Александер Зверев со 6-4, 6-3 во сетови.
Ова за Алкараз ќе биде четврто финале во 2025 година, откако претходно во сите три финалиња се соочи со истиот противник. Од тие три финалиња досега, Алкараз е во водство, добивајќи 2 од трите средби против Синер.
The rivalry continues 🍿 pic.twitter.com/KXrvCyKkay
— Cincinnati Open (@CincyTennis) August 17, 2025



