Синер рутински до победа за полуфинале на УС Опен

 

Објавено:

Светскиот тенисер број еден, Јаник Синер, рутински помина низ осминафиналниот меч со сонародникот Лоренцо Мусети на Отвореното првенство во Њујорк.

Синер ја продолжи победничката низа и на УС Опен, совладувајќи го Мусети со 3:0, односно 6-1, 6-4, 6-2 во сетови.

“Од мое гледиште, ова беше одличен перформанс, многу солиден, особено стартот беше многу јак”, изјави Синер кој освои 91% од својот прв сервис.

Италијанецот стигна до тука со само еден изгубен сет, доминираше во текот на целиот меч, а сега во полуфиналето ќе се сретне со Феликс Оже-Алијасим.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено