Синер самоуверено до осминафиналето на Вимблдон

Објавено:

Изгледа како да нема сега за сега вистински предизвик на патот на актуелниот светски рекет број еден, Јаник Синер.

Тој и во денешниот меч против Шпанецот Педро Мартинез стигна до победата без поголеми проблеми или предизвици. Резултатот на крајот на мечот беше 3:0, односно 6-1, 6-3, 6-1 во сетови.

Мартинез уште во првиот сет, на 5-0 побара лекарска помош поради болки во рамото, па до крајот на натпреварот се мачеше да сервира со полна сила, наспротии Италијанецот кој постигна 11 асеви.

“Многу сум среќен што сум тука во втората недела, но сите видовме дека Мартинез се мачеше со неговото рамо и не можеше да сервира добро. Особено на ваква површина, ако не можете да сервирате добро, не е лесно да играте. Но, секоја чест за него што реши да го доигра мечот до крај. Што се однесува до мене, гледав да бидам конзистентен на целиот меч”, изјави Синер.

Со влезот во четвртото коло по 17 пат, Јаник Синер го сруши претходниот италијански рекорд на Никола Пјетранџели (16).

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено