Синер со контраверзен потег – враќање на стариот тренер

 

Објавено:

Јаник Синер, италијанскиот тенисер и еден од најголемите таленти на денешницата, повторно го вработи својот поранешен кондиционен тренер Умберто Ферара – потег кој веднаш предизвика реакции во тениската јавност.

Одлуката доаѓа неколку месеци по контроверзниот допинг инцидент, кога Ферара беше отпуштен откако се откри дека тој набавил крема што содржела забранета супстанца (клотебол), која индиректно заврши на телото на Синер преку физиотерапевтот Џакомо Налди. Иако Синер не беше директно виновен и казната беше минимална, инцидентот остави сенка врз неговиот тим.

Она што дополнително ја вознемири јавноста е што само неколку месеци по разделбата, Ферара повторно е вклучен во стручниот штаб. Дел од фановите и поранешни тенисери го нарекоа потегот “шокантен” и “најлош ПР потег во историјата на тенисот”.

Извор: https://x.com/Wimbledon

Ник Киргиос на социјалните мрежи објави: “Не можам да верувам дека ова е реално. Сме биле измамени”. Слични реакции пристигнаа и од Пол Мекнами, поранешен светски шампион во двојки, кој рече дека ваква одлука сериозно го подрива кредибилитетот на целиот спорт.

На Редит и форумите, коментарите се поделени. Некои тврдат дека враќањето на Ферара е оправдано ако постои целосна доверба и ако допингот навистина бил случаен. Други сметаат дека Синер испраќа погрешна порака, особено во спорт каде што транспарентноста и чистиот имиџ се клучни.

Од друга страна, Синер го бранеше потегот, велејќи дека тимот повторно е на број за да се фокусира на клучната подготовка за турнирите во Синсинати и Њујорк. “Ферара е одличен професионалец и човек кому му верувам”, изјави тој за “La Gazzetta dello Sport”.

Останува да видиме дали оваа одлука ќе има спортски ефект на теренот или ПР последици надвор од него. Едно е јасно – враќањето на Ферара повторно ја отвори дебатата за допингот, довербата и интегритетот во светскиот тенис.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено