Синер со победнички поход во одбраната на титулата на УС Опен

 

Објавено:

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, денеска со триумф го отвори својот настап на Отвореното првенство во Њујорк, каде ќе ја брани титулата од минатата година.

Тој во експресен меч го совлада противникот Вит Коприва, за победа од 3:0 или 6-1, 6-1, 6-2 во сетови со што го најави победничкиот поход и оваа година.

Боите на сите три тениски подлоги во една фотографија |Извор: https://x.com/bhsdtl

Синер кој се повлече во финалето против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати поради болест, сега изгледа дека се враќа во топ форма.

Можеби најинтересен меч на денешниот репертоар беше оној помеѓу Матео Арналди и Франциско Серундоло. Италијанецот Арналди водеше со 2:0 во сетови (6-3, 6-4), по што Аргентинецот го приреди можеби најневеројатниот пресврт во наредните три сета, за победа на мечот со 2:3.

Извор: https://x.com/usopen

Утре веќе започнуваат натпреварите и од втората рунда, а на тениското мени на УС Опен, меѓу другото, ќе го гледаме Новак Ѓоковиќ против Закари Свајда, Тејлор Фритц против Лојд Харис и Карлос Алкараз против Матија Белучи.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено