Јаник Синер го изгуби вториот сет во мечот со Теренс Атман, но сепак успеа да се врати сигурно во третиот, за на крајот да го совлада со 2-1, односно 6-4, 5-7, 6-0 во сетови.
Со ова Синер обезбеди учество во четврфиналето на турнирот во Кина, каде е најголем фаворит за освојување на титулата, откако неговиот најголем ривал Карлос Алкараз реши да не ја брани титулата од лани и наместо тоа да учествува на турнирот во Јапонија.
Ова ќе му даде можност на Италијанецот да дојде до титула и нови бодови во борбата за првото место на АТП листата, кое го изгуби после финалето на Отвореното првенство во Њујорк на почетокот на месецот.




