Синот на Карло Анчелоти ќе биде новиот тренер на Ботафого

Објавено:

Синот на легендарниот Карло Анчелоти, Давиде се согласил да биде новиот тренер на бразилскиот клуб Ботафого.

Давиде кој има 35 години, досега работеше како асистент на неговиот татко Карло, но сега се реши за самостојна тренерска кариера. Претходно тој беше поврзуван и со тимовите како Комо и Глазгов Ренџерс, но сепак тој ќе го следи неговиот татко во Бразил.

Карло е тренер на бразилската репрезентација од годинава, а синот кој досега го следеше во кариерата уште од Баерн Минхен и Реал Мадрид, повторно ќе биде во негова близина, но во клупското натпреварување на Бразил.

Ботафого одиграа одлично на ФИФА Светското клупско првенство каде ги освоија симпатиите на светската публика и покажаа дека знаат да играат фудбал на високо ниво, но во нивен стил.

Извор: https://x.com/Botafogo

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено