Легендарниот бразилски фудбалер Тијаго Силва имаше многу успешна кариера во дресот на Челси, а сега неговиот син тргна по стапките на својот татко.
Исаго Мендес да Силва е еден од 16-те млади фудбалери кои вчера потпишаа стипендии со англискиот клуб за претстојната сезона.
Меѓу младите фудбалери кои со својот талент обезбедија место во младинската Академија на Челси се и талентираниот напаѓач Чизи Езенвата, Рајан Кавума Меквин, Кристофер Атертон и други играчи кои најверојатно за скоро ќе ги видиме и во првиот тим на “сините”.




