Синсинати ќе има нова шампионка, Сабаленка елиминирана од Рибакина

 

Објавено:

Оваа година турнирот во Синсинати ќе има нова шампионка, откако фаворитката и најдобра тенисерка во светот, Арина Сабаленка беше елиминирана во четврт-финалниот меч од Елена Рибакина.

26 годишната тенисерка од Казахстан, која моментално се наоѓа на 10-та позиција на ВТА листата, успеа да ја совлада минатогодишната шампионка со 6-1, 6-4 во сетови.

Извор: https://www.cincinnati.com

Ова е трет пат сезонава Рибакина да стигне до полуфиналето на ВТА 1000 настан, откако претходно го направи тоа во Дубаи и Монтреал, а вкупно 11 пат во нејзината кариера.

Следен предизвик за Рибакина ќе биде трето рангираната Ига Швјонтек, која во денешниот четврт-финален меч ја совлада Ана Калинскаја со резултат 6-3, 6-4 во сетови.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено