Сити го враќа својот голман: Џејмс Трафорд се враќа на Етихад

 

Објавено:

Манчестер Сити постигна договор за враќање на младиот англиски голман Џејмс Трафорд од редовите на Барнли за сума од 27 милиони фунти, откако “граѓаните” решија да го активираат својот интерес и да го вратат на Етихад, само една година по неговото заминување.

Иако Њукасл имаше конкретен интерес за 22-годишниот репрезентативец на Англија до 21 година, и дури бил блиску до договор уште на крајот од мај, сепак ниту тој трансфер не се реализираше, па сега Сити ги променија тие планови.

Со новиот договор, Трафорд потпиша петгодишна соработка со можност за уште една дополнителна сезона. Тој ќе се приклучи на голманската конкуренција во Сити покрај Едерсон и Штефан Ортега.

Прашалник во голманската линија на Сити

Иако во изминатиот период имаше шпекулации за евентуално заминување на Едерсон, бразилецот ги отфрли гласините нарекувајќи ги “лажни вести” и потврди дека засега останува во клубот. За разлика од него, Ортега би можел да си замине, но нема ништо конкретно во овој момент.

Трафорд имаше бурна сезона во Барнли под водство на поранешниот капитен на Сити, Венсан Компани, каде прими 62 гола и на крајот ја загуби првата голманска позиција. Но, под новиот тренер Скот Паркер, блесна и стана еден од најзаслужните за враќањето на клубот во Премиер лигата, примајќи само 16 гола на 45 натпревари. Барнли сепак ја испушти титулата во Чемпионшип во последниот круг, губејќи ја во директен дуел со Лидс Јунајтед по гол-разлика.

Јасна порака од Гвардиола

Овој трансфер покажува дека Пеп Гвардиола сака сигурност и долгорочна стабилност меѓу стативите, а овој трансфер се случил по директна негова иницијатива. Иако Трафорд беше исфрлен од последниот список на Англија за ЕУРО 2024, претходно беше дел од проширената листа од 33 играчи, заедно со Пикфорд, Ремсдејл и Хендерсон.

Тој има претходно искуство и од позајмици во Акрингтон и Болтон, каде стекна важни натпреварувачки минути, а сега добива втора шанса да се докаже во клубот каде што почна.

Останува да видиме дали Џејмс Трафорд овој пат ќе го дочека својот момент во Манчестер Сити.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено