Скандал во Ла Лига: Доверливи податоци на Барса споделени со Атлетик?

 

Објавено:

Голем скандал ја тресе денес шпанската фудбалска јавност, после тврдењата дека претседателот на Ла Лига, Тебас се сретнал со лица од фудбалскиот клуб Атлетик, со кои споделил доверливи финансиски информации за Барселона.

Барса кои беа заинтересирани да го доведат ова лето Нико Вилијамс токму од Атлетик, во неколку наврати јавно се судрија со Тебас кој им порача дека “една работа е да потпишете договор со него, друга е да го регистрирате”.

Наводно, според тврдењата на адвокатот Мигел Галан, на баскискиот клуб им биле покажани информациите за внатрешната финансиска состојба на Барселона, како и ревизијата која лигата ја направила на каталонскиот клуб, нешто што тие го искористиле за да извршат притисок врз Нико Вилијамс и неговото семејство.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano

Фудбалската јавност беше изненадена од одлуката на младиот талент на Атлетик Билбао да потпише продолжување од осум години со сегашниот клуб, наместо да ја прифати понудата на Барса, а дали зад тоа се крие задкулисна игра, допрва ќе треба да се докажува.

Целиот случај отвора сериозни прашања за можни прекршувања на законите за заштита на лични податоци. Ова не е првпат Ла Лига да биде критикувана поради вакви постапки – уште во 2019 година, шпанската Агенција за заштита на податоци (AEPD) остро реагираше откако Ла Лига ја користеше мобилната апликација за да “шпионира” гледачи преку микрофоните на мобилните телефони за да открие нелегални преноси.

Извор: https://x.com/ManagingBarca

Доколку овие тврдења се потврдат, тоа ќе биде сериозен удар по кредибилитетот на Ла Лига, лигата што треба да ги заштитува клубовите, а не да ги манипулира од внатре.

Барселона сè уште не излезе со официјален став, но како што стојат работите – фудбалот доби нова епизода од серијата “игри без правила”.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено