10.8 C
Skopje

Шкендија ги совлада “Светците” на Градски

Објавено:

Денес првакот на македонската лига, ФК Шкендија, успеа да дојде до победа во реванш натпреварот со Њу Сеинтс со што го обезбеди влезот во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Натпреварот го отвори Шкендија со гол на Тамба во 18′ минута, а за израмнување на резултатот за гостите стрелаше Вилијамс во 38′ минута од првото полувреме.

Резултатот од 1:1 остана до крајот на регуларниот дел, откако двата тима беа резервирани во нападите во второто полувреме, па натпреварот продолжи во дополнителното време.

За среќа на домаќините, Боденам од Њу Сеинтс даде автогол во 118′ минута, со што им обезбеди на Шкендија понатамошен пласман во квалификациите за Лигата на шампиони.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено