11.8 C
Skopje

Шкендија изгуби во продолженија, Лудогорец патува во Лига Европа

Објавено:

Македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа, ФК Шкендија, вечерва ја изгуби предноста која ја обезбеди во Скопје откако со 4-1 изгуби на гости во Разград.

Откако во регуларниот дел Шкендија губеше со 2-1, истиот резултат и со кој поведе дома, натпреварот отиде во продолженија, по што бугарскиот клуб успеа да даде уште два гола.

Извор: https://x.com/Ludogorets1945

Тамба кој го даде и единствениот гол за Шкендија вечерва, имаше можност пред завршницата на регуларниот дел да ја донесе толку посакуваната Лига Европа откако сам остана пред голот, но по неуспешниот лоб мечот отиде во продолженија.

Со овој пораз Шкендија сепак не успеа да го повтори успехот на Вардар, кој останува единствениот македонски тим кој успеал да игра во групната фаза на Лига Европа. Сега Тетовчани ќе се утешат со Конференциската лига на УЕФА, што секако претставува успех за клубот, но и разочараност за пропуштената историска шанса.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено