9.8 C
Skopje

Шкендија минимално поразена во Скопје, ќе одлучува реваншот во Баку

Објавено:

Шкендија загуби со 0-1 од Карабах на Националната арена “Тодор Проески” во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите. Пред околу 18.000 гледачи, тетовскиот тим прикажа борбена партија, но не успеа да најде пат до мрежата на искусниот противник од Азербејџан.

Клучниот момент се случи во 18-та минута, кога најпрво судијата покажа на слободниот удар, но по ВАР-интервенција беше досуден пенал за Карабах, кој Бајрамов го претвори во водство. Шкендија имаше неколку шанси да израмни, особено преку Ибраими, Тамба и Трумчи, но голманот Кохалски беше сигурен.

Во второто полувреме, Шкендија ја зголеми агресијата, создаде неколку добри прилики, но без конкретна реализација. Од друга страна, и Карабах имаше можности да го зголеми водството, но Гаје со неколку одлични интервенции ја одржа надежта за реваншот.

Сè ќе се решава следната недела во Баку, каде Шкендија ќе брка пресврт и пласман во следната рунда.

Извор: https://www.facebook.com/fcshkendija

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено