Скок од 16%: Австралија Опен го објави новиот награден фонд за 2026

Објавено:

Организаторите на првиот Грен слем во сезоната, Австралија Опен, објавија рекордно зголемување на наградниот фонд за дури 16% за турнирот во 2026 година. Вкупниот „колач“ за тенисерите сега изнесува неверојатни 111,5 милиони австралиски долари (околу 75 милиони американски долари).

Овој потег доаѓа како одговор на зголемениот притисок од играчите за поголем удел во приходите.

Колку ќе заработат шампионите?

Победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 2,8 милиони долари, што е зголемување од 19% во однос на лани. Значителен скок има и за оние кои ќе испаднат уште во првото коло, тие ќе си заминат со чек од над 100.000 долари.

Со ова зголемување, Австралија Опен го престигна Вимблдон по исплати, но сепак останува зад САД Опен (85 милиони долари).


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено