Денес требаше да се одигра натпреварот меѓу Шкупи и Силекс во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига, но Шкупи го откажаа натпреварот.
Поради тоа, екипата на Силекс го доби службено натпреварот со резултат 3:0. Ова требаше да биде прво гостување на Силекс оваа сезона, откако претходно во првото коло на домашен терен ја совладаа екипата на Брера со одличен резултат од 5:0.
Следен натпревар за нив ќе биде повторно на домашен терен, кога во рамките на третото коло ќе ја пречекаат екипата на Македонија Ѓорче Петров.



