14.8 C
Skopje

Словенија без победа: Дончиќ пак блесна, но Франциско ја запали Франција

Објавено:

Словенија имаше надежи, Лука Дончиќ повторно ја носеше својата репрезентација со 36 поени, 8 асистенции и 8 скока, но тоа повторно не беше доволно. Франција ја однесе победата со 103-95 во еден спектакуларен меч во Катовице и со тоа го продолжи перфектниот старт на Евробаскетот.

Херој на мечот беше Силвен Франциско, кој одигра натпревар од соништата со 32 поени, 7 скока и 5 асистенции. Токму тој ја презеде улогата на лидер што многумина мислеа дека ѝ недостига на Франција, а во клучните моменти во последната четвртина го скрши отпорот на Словенците. Со помош на Сар, Јабуселе и Окобо, Французите направија одлучувачка серија од 8-0 и поведоа со плус 8 (91-83), по што веќе немаше враќање назад.

Иако Франција се истакна со играта во рекетот, мора да се признае дека Словенија до самиот крај беше во игра. Се играше кош за кош цели три четвртини, со дури 12 промени на водството и 15 израмнувања на резултатот. Дончиќ беше перфектен од линијата за слободни фрлања (19/20), а со својата магија уште еднаш ја држеше Словенија во живот.

Но, на крајот останува фактот дека Франција е со скор 2-0, непоразена и со самодоверба влегува во следниот меч против Израел. Словенија, пак, останува на 0-2 и мора итно да реагира против Белгија, ако сака да ги задржи шансите за осминафинале.

Иако бројките на Лука Дончиќ досега се маестрални, сепак тој не може сам против сите, а ако Словенија сака да оди понатаму, ќе мора да проработи и останатиот дел од тимот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено