Сметката на Манчестер Јунајтед за Рубен Аморим достигна вртоглави 37 милиони фунти!

 

Објавено:

Манчестер Јунајтед официјално потврди дека разделбата со Рубен Аморим не само што беше спортски болна, туку и екстремно скапа. Португалскиот стратег, кој беше отпуштен на почетокот на јануари по јавен напад врз раководството на клубот, ќе го чини тимот од „Олд Трафорд“ речиси 16 милиони фунти само за неговото заминување.

Математика која ги загрижува фановите

Според финансискиот извештај доставен до берзата во Њујорк, Јунајтед издвоил резерва од 15,9 милиони фунти за компензација на Аморим и неговиот стручен штаб. Но, кога ќе се собере целата слика, бројките стануваат поразителни:

  • 11 милиони фунти платени на Спортинг за неговиот потпис во 2024 година.
  • 10,4 милиони фунти платени за отпуштањето на неговиот претходник, Ерик тен Хаг.
  • 15,9 милиони фунти за отпуштањето на самиот Аморим.

Вкупниот трошок за оваа менаџерска промена изнесува неверојатни 37,3 милиони фунти – сума која е доволна за трансфер на врвен светски фудбалер, а беше потрошена само на „експерименти“ на клупата.

Избор: https://www.premierleague.com

Најлошиот менаџер во поновата историја?

Статистиката на Аморим во неговиот 14-месечен престој е поразителна. Со процент на победи од само 31,9% (25 победи на 63 натпревари), тој го има најлошиот учинок од сите постојани менаџери во историјата на клубот. Под негово водство:

  • Јунајтед заврши на 15-то место во Премиер лигата минатата сезона – најлош пласман од 1974 година.
  • Тимот беше елиминиран од четвртолигашот Гримсби Таун во Карабао купот.
  • Изгубено е финалето во Лига Европа, со што клубот остана без европски фудбал оваа сезона.

Сепак, има многумина познавачи на фудбалот кој велат дека токму заложбата на Аморим била да изгради долгорочни резултати во тимот. Неговата трансфер политика се покажува како доста успешна, а системот кој го градеше беше посветен на коренито менување на работите, не само на резултатите на теренот. Па, многумина велат дека токму резултатите на новиот тренер се одраз на структурата која ја постави Португалскиот стратег.

Извор: https://www.manutd.com/

Пресврт со Мајкл Керик

Додека долговите на клубот се искачија на 1,3 милијарди фунти, на теренот конечно се појави светлина. По заминувањето на Аморим, кормилото го презеде Мајкл Керик, кој веднаш донесе резултати. Со пет победи на последните шест натпревари, Карик го искачи Јунајтед на четвртото место, со реални шанси за пласман во Лигата на шампионите.

Аморим замина по големиот судир со директорот за фудбал Џејсон Вилкокс, оставајќи зад себе „изгорени“ милиони и тим кој дури сега почнува да закрепнува од хаосот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено