Во еден од најневеројатните и најшокантни пресврти на летниот трансфер-пазар, словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко конечно донесе одлука за својата иднина. Иако со денови се зборуваше дека е на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед, тој ги одбил „црвените ѓаволи“ и одлучил кариерата да ја продолжи во Њукасл Јунајтед.
Но, она што го прави овој трансфер вистинска сензација е информацијата за тоа кој стои зад оваа одлука – легендарниот германски тренер, Јирген Клоп!
Според информациите кои кружат на социјалните мрежи, токму Јирген Клоп бил човекот кој го советувал Шешко да го одбие Манчестер Јунајтед и да го избере проектот на Њукасл. Ова е навистина шокантен пресврт, со оглед на тоа што Клоп е икона на најголемиот ривал на Јунајтед, Ливерпул.
🚨𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Benjamin Sesko declined Man United and has decided to join Newcastle under the advice of Jürgen Klopp according to reports. pic.twitter.com/oLENCwpP25
— TheEuropeanLad (@ThaEuropeanLad) August 1, 2025
Со ова, конечно завршува повеќемесечната трансфер-сага околу 22-годишниот Словенец. Откако првично беше поврзуван со Арсенал, кој на крајот го доведе Виктор Ѓокереш, битката се сведе на два клуба – Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Според најновите информации на “Sky Sports”, Њукасл веќе доставил и официјална понуда до РБ Лајпциг вредна 75 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси, што е точно колку што бара германскиот клуб. Иако и Манчестер Јунајтед се сè уште во игра, се чини дека Њукасл е во пол-позиција.
Интересно е што РБ Лајпциг е заинтересиран и за напаѓачот на Јунајтед, Расмус Хојлунд, што отвора можност и за евентуална размена.
Сепак, по советот од Клоп, се чини дека Шешко веќе ја донел својата одлука. Сега останува само клубовите да ги финализираат деталите пред тој и официјално да биде претставен како новиот “Алан Ширер” на Сент Џејмс Парк.



