Шокантни вести од „Гудисон“: Сезоната заврши за Џек Грилиш!

Објавено:

Евертон ќе мора да го продолжи својот пат во Премиер лигата без својата голема ѕвезда. Менаџерот Дејвид Мојс на прес-конференцијата за медиумите потврди дека повредата на стапалото на Џек Грилиш е многу посериозна отколку што првично се мислеше и дека операцијата е речиси неизбежна.

Тежок удар за амбициите на Мојс

Грилиш, кој летово пристигна како позајмен играч од Манчестер Сити, беше вистински мотор на екипата. Со два гола и шест асистенции на 20 натпревари, тој се наметна како лидер на левата крилна позиција.

„Најверојатно ќе биде потребна операција. Иако уште чекаме дефинитивна потврда, тоа значи дека сезоната за Џек е завршена. Ова е огромно разочарување за него, за клубот и за сите нас, бидејќи тој е голем карактер и искусен играч кој ни донесе многу добри работи“, изјави разочараниот Мојс.

Извор: https://www.evertonfc.com

Светското првенство под голем знак прашање

Оваа вест не е болна само за Евертон, туку и за личните амбиции на Грилиш. Со 30 години, тој се надеваше на враќање во англиската репрезентација под палката на Томас Тухел за претстојниот Мундијал. Сега, неговите шанси да се најде во авионот за САД, Мексико и Канада се сведени на минимум.

Експресна замена од Челси?

Евертон не губеше време по лошите вести. Веднаш по повредата на Грилиш, „карамелите“ ја обезбедија позајмицата на талентираниот Тирик Џорџ од Челси. 19-годишниот крилен напаѓач доаѓа како директна замена и веќе е на располагање на Мојс за натпреварот против Фулам.

Останува прашањето дали Евертон ќе ја активира откупната клаузула од 50 милиони фунти за Грилиш на лето, со оглед на тежината на оваа повреда.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено