Во текот на денов, македонскиот интернет простор беше преплавен со “бомбастична” вест: Лионел Меси наводно го напушта Интер Мајами. Како и секогаш, “кромид” порталите се натпреваруваа кој прв ќе ја објави “ексклузивата” за десетици кликови повеќе, создавајќи целосна дезинформација кај јавноста.
Вистината, сепак, е сосема поинаква, а ја објави еден од порелевантните извори за фудбалски трансфери – Фабрицио Романо. Тој стави крај на сите шпекулации со ексклузивна објава директно од клубот и од таборот на играчот.
Ставот на Интер Мајами е кристално јасен:
“Меси има договор до крајот на 2025 година и реалноста е дека двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката,” се вели во изјавата од клубот.
Романо дополнително потврдува дека и извори од таборот на самиот Меси потврдуваат дека се “на иста страна” со клубот околу ова прашање.
Значи, спротивно на лажните вести, Меси не само што не си оди, туку и планира да остане во Мајами и по 2025 година.
Leo Messi’s camp also on the same page with Inter Miami on this statement. https://t.co/YVN2bYjQ1n
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 30, 2025
Ние во Спортска Станица секогаш се трудиме да ви понудиме точни и проверени вести. Токму со оваа посветеност кон вистината ја започнуваме и нашата нова спортска платформа и веб-страница, за чиј успех ни е потребна вашата поддршка. За да бидете секогаш први до најновите информации, заследете нè на Фејсбук, Инстаграм, Твитер (ИКС) и Threads.