2.8 C
Skopje

Сонот живее! Лавовска борба за победа на Македонија во Казахстан!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Сонот за првиот Мундијал на Македонија живее! Во тежок натпревар Македонија успеа на домашен терен да ја победи репрезентацијата на Казахстан со резултат 0:1.

Оваа победа е многу значајна во трката за првото место на табелата и билет за Светското првенство кое ќе се одигра во Мексико, САД и Канада идната година.

Победата дојде со единствениот гол на натпреварот кој мајсторски го постигна Александар Трајковски во 33 минута од првото полувреме. Репрезентацијата на Казахстан два пати немаше среќа со удар во пречката, но не смее да се потцени лавовската борба на нашите момци кои денес дадоа сè од себе за да издржат до крај на натпреварот и да ја осигураат победата.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

И статистиката на изведени удари од аголот беше на страната на Казахстан, а Македонија немаше ниту еден корнер на натпреварот, но среќата ги прати храбрите, а нашите репрезентативци денес беа и тоа како храбри иако очигледно истоштени после тешкиот натпревар кој само пред неколку денови го изиграа дома против репрезентацијата на Белгија.

Одличен деби натпревар имаше и младиот Деспотовски, кој навистина блесна на првиот натпревар кој го одигра во репрезентативниот дрес, а мора да се истакне и Зајков во одбраната кој имаше значителен придонес за денешната победа.

Со оваа победа Македонија ја продолжува историската низа на 11 натпревари на кои нема изгубено, со 7 победи и 4 нерешени натпревари.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk
Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk
Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено