Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, во свој стил призна дека “виновникот” што тој сè уште е на “Олд Трафорд”, а не брои милиони во Саудиска Арабија, е неговата сопруга Ана.
Португалецот потврди дека ова лето имал неверојатна понуда од Ал Хилал вредна 800.000 евра неделно, плата каква што ретко кој може да одбие. Но, кога дошол дома, добил “ладен туш” од сопругата.
“Првото нешто што ми го кажа беше: ‘Дали постигна сè што сакаше да постигнеш тука со клубот?’ Таа знаеше дека не сум”, низ смеа открива Бруно.
“Децата го сакаат времето во Манчестер“
Бруно, познат по своето постојано жалење на теренот, очигледно е многу посреќен надвор од него. “Моето семејство се чувствува одлично тука. Децата сакаат да одат на училиште, им се допаѓа начинот на живот, дури и времето!“, изјави Португалецот.
Оваа изјава ги “запали” социјалните мрежи, каде фановите се шегуваат дека тој е единствениот човек на планетата што го сака дождот во Манчестер.
На крајот, иако многумина го критикуваат за неговото однесување на теренот, тој уште еднаш ја покажа својата лојалност кон Јунајтед, потсетувајќи на својата позната изјава: “Dreams can’t be bought” (Соништата не можат да се купат). Очигледно, сопругата се погрижила да го потсети на тоа.


