19.8 C
Skopje

СП до 20: Без големи изненадувања, познати се патниците во Топ 8

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По три дена исполнети со возбудливи натпревари, драма и неколку очекувани победи, комплетирана е осминафиналната фаза на Светското првенство за играчи до 20 години што се одржува во Чиле. Без големи изненадувања, фаворитите ја оправдаа својата улога и обезбедија пласман меѓу осумте најдобри млади репрезентации во светот.

Четвртфиналната фаза ни носи неколку спектакуларни дуели, предводени од јужноамериканското супер-дерби помеѓу Мексико и Аргентина.

Аргентина и Мексико со “покер” голови закажаа меѓусебна пресметка

Најголемите фаворити за титулата, Аргентина, одиграа уште еден доминантен натпревар и со убедливи 4:0 ја елиминираа Нигерија. Херој на натпреварот беше Маер Каризо, кој постигна два гола. Во четвртфиналето, “гаучосите” ќе се соочат со Мексико, кој исто така беше убедлив и со 4:1 го совлада домаќинот Чиле.


САД го “здроби” европскиот вицешампион, Мароко сигурен

Соединетите Американски Држави одиграа спектакуларен натпревар и со 3:0 ја елиминираа Италија, актуелниот европски вицешампион. Човек на одлука беше капитенот Бенџамин Кремаски, кој постигна два гола и со вкупно пет погодоци е најдобар стрелец на турнирот.

Во четвртфиналето, САД ќе играат против Мароко, кој со 2:1 беше подобар од Јужна Кореја.

Европска доминација: Шпанија, Франција и Норвешка во четвртфинале

Европските репрезентации покажаа сила во осминафиналето. Шпанија со минимални 1:0 ја совлада Украина, додека Франција и Норвешка по голема битка и продолженија ги елиминираа Јапонија и Парагвај. Французите славеа со гол од пенал во 123-тата минута, додека Норвежаните стигнаа до победа со гол во 116-тата минута.

Во последниот натпревар, Колумбија со 3:1 беше подобра од Јужна Африка.

Четвртфинални двојки:

  • Шпанија – Колумбија (11 октомври)
  • Мексико – Аргентина (12 октомври)
  • САД – Мароко (12 октомври)
  • Норвешка – Франција (13 октомври)

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено