Спас за клубот во згаснување? Навивачите чекале со часови за дрес од Моркам

Објавено:

Откако пред само неколку дена беше објавено дека и официјално згаснува англискиот фудбалски клуб Моркам, кој со себе носеше историја од дури 105 години, сега навивачите и персоналот се во обид да го спасат својот клуб.

Приказната за згаснувањето на уште еден историски тим, под влијанието на лошо финансиско менаџирање од страна на сопствениците, ја погоди фудбалската јавност, но и ја разбуди пасијата на навивачите чиј клуб е неизоставен дел од спортската култура и традиција на рибарскиот град.

https://www.beyond.radio/

Вработените во клубот на кои им било кажано да си заминат од работните места откако не зеле плата подолго време, решиле да останат на стадионот и да работат бесплатно.

Од друга страна, вчера биле пуштени во продажба дресовите кои биле планирани за идната сезона, а уште во 6 часот наутро навивачите чекале во ред за да го добијат својот. Со ова, тие се надеваат дека ќе му помогнат на клубот да обезбеди дел од потребните финансии за понатамошен опстанок.

Извор: https://www.beyond.radio/

Со банери на кои пишува “Во единството е силата” и “Вратете го сонцето”, навивачите побараа од сегашниот сопственик Џејсон Витман да го продаде клубот веднаш и да си замине од нивниот град.

Од Националната лига изјавиле дека повторно ќе се сретнат со претставници од клубот на 20 август, за да ја разгледаат одлуката за повлекување на првиот тим од Лигата, како и да разговараат за иднината на клубот.

Извор: https://www.beyond.radio/

И покрај најавите дека клубот ќе згасне, брендот “Terrace” кој стои зад дресовите, пред настанот објавил дека тие сепак ќе бидат пуштени во продажба: “Доколку клубот како ‘феникс’ изникне од сенките на сите негативни финансиски препреки, би сакале јавно да кажеме дека Terrace ќе ја обезбеди потребната опрема за играчите бесплатно, ако треба и за првите две сезони”.

Оваа приказна уште еднаш ја покажува солидарноста на јавноста да спасат парче фудбалска историја, а ваквите примери даваат надеж дека во спортот сè уште се важни пасијата, чистата љубов кон спортот и традицијата.

Извор: Morecambe FC

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено