12.8 C
Skopje

Спировски се враќа дома – големо засилување за новиот Пелистер!

Објавено:

ФК Пелистер официјално доби звучно засилување – Стефан Спировски повторно ќе го носи зелено-белиот дрес! Искуствениот играч за врска денес стави потпис на договор со својот матичен клуб и ќе биде клучен дел од новиот проект на битолскиот прволигаш за сезоната 2025/26.

Спировски, кој ја започна кариерата токму во Пелистер, се враќа по повеќе од деценија мината на домашната и меѓународната сцена. Откако замина во 2009 година, играше за Борац Чачак, Работнички, Вардар, а остави белег и во странство настапувајќи во Унгарија, Израел, Ерменија и Грција.

Извор: https://www.facebook.com/FC.PelisterBitola

На репрезентативен план, Спировски има 55 настапи за Македонија и беше дел од историскиот настап на Европското првенство во 2021 година.

Со неговото искуство и квалитет, Пелистер добива нова димензија и амбиција за успешна сезона.

Извор: https://www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено