Спортска иднина во Кочани: Над 2.000 деца ги преплавија терените на Плазма Спортските игри

 

Објавено:

Детскиот џагор, фер-плејот и искрената радост го претворија Кочани во вистински центар на младинскиот спорт. Градот на оризот беше четвртата постојка на престижната манифестација „Денот на спортот“, организирана во рамките на Плазма Спортските игри за млади, каде околу 2.000 дечиња ги одмерија силите и талентот во седум различни спортски дисциплини.

Сликата од терените испрати силна порака дека Македонија има светла спортска иднина и дека Истокот крие огромен потенцијал кој заслужува вистинска поддршка.

Од фудбал до народна топка: Возбуда на секој чекор

Младите спортски надежи покажаа завидно ниво на талент и спортска култура во сите категории. Фудбалските терени пулсираа во ритамот на Coca Cola Cup и футсал турнирот за генерацијата 2015, додека кошаркарските игралишта ги донесоа најдобрите локални „баскетџии“ во 3х3 форматот.

Возбудата не изостана ниту на ракометните и одбојкарските натпревари кои беа проследени со гласно навивање од трибините, а вистинска динамика донесоа атлетските трки и секогаш популарната и омилена детска игра – народна топка.

Патот кон големото финале во Сплит

Плазма Спортските игри за млади веќе се етаблираа како најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа. Проектот кој успешно функционира во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, оваа година за првпат се одржува и во Македонија. Главната мисија останува непроменета – промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, со целосно бесплатно учество за сите деца.

По завршувањето на овие квалификациски турнири, најдобрите екипи и поединци ги очекуваат регионални и национални првенства. Крајната цел за најуспешните е обезбедување билет за големото меѓународно финале во Сплит (од 17 до 22 август), каде македонските претставници ќе имаат шанса да ги бранат боите на својата земја и да се дружат со своите врсници од целиот регион.

Официјални резултати од турнирот во Кочани:

Фудбал и Футсал

  • Coca Cola Cup (2011) – Машки: Малешевци (Берово)
  • Coca Cola Cup (2011) – Женски: Шампионки (Кочани)
  • Футсал (2015): Млади Таленти (Берово)

Кошарка (Баскет 3х3)

  • Машки: Дрим Тим (Кочани)
  • Женски: Екипа Снова (Кочани)

Ракомет

  • Машки: Орели (Облешево)
  • Женски: Голак (Делчево)

Одбојка

  • Машки: Одбојкарски бисери (Кочани)
  • Женски: Голак (Делчево)

Народна топка

  • Генерација 2015: Багери (М.Каменица)
  • Генерација 2017: Багери (М.Каменица)

Атлетика (Генерација 2015)

  • Машки: 1. Марко Филипов (Кочани); 2. Владимир Ангелов (Кочани)
  • Женски: 1. Јана Лазаров (Кочани); 2. Ања Ристовска (М.Каменица)

Атлетика (Генерација 2017)

  • Машки: 1. Ненад Петровски (М.Каменица); 2. Мартин Моневски (Облешево)
  • Женски: 1. Нена Златанова (Облешево); 2. Иларија Спасовска (М.Каменица)

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено