6.8 C
Skopje

Срам за македонскиот фудбал: Клубови краделе од деца!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашната информација на Фудбалската федерација на Македонија ни остави вистинска горчина, па решивме малку да ни слегне пред да го изнесеме нашиот став околу целата ситуација.

Имено, ФФМ вчера објави дека дел од фудбалските детски клубови барале пари од родителите на децата за спортската опрема, која всушност е дадена бесплатно од страна на Федерацијата.

Ваквиот срамен чин на дел од клубовите претставува директно крадење од децата, не само од финансиски аспект, туку и од мотивираноста, вербата и желбата за тренирање.

Иако некои од сопствениците на клубовите мислеле дека на овој начин ќе се збогатат, тие всушност директно влијаат негативно на промоцијата на спортот кај младите и децата. Па, наместо да претставуваат отскочни даски на соништата на младите фудбалери, тие претставуваат рано соочување со еден трул систем во којшто нема никакви вредности, ниту чувство за срам од ваквите постапки.

Ја поздравуваме решителноста на Фудбалската федерација на Македонија да ги објави јавно ваквите информации и апелираме после ревизијата да ги објави јавно и имињата на клубовите коишто го направиле ваквиот чин.

Во време кога сите треба да се стремиме кон градење на здрава иднина за нашите деца, во време кога преку спортот може да ги научиме на вистински вредности, тимска игра, љубов кон здравиот начин на живот, непростливо е токму детските клубови да се однесуваат на ваков начин. Доколку децата од мали нозе ги соочиме со вакви ситуации, како од нив после би очекувале да израснат во здрави и разумни возрасни личности кои го сакаат спортот за неговата чистина и искрена љубов?

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено