Срце поголемо од градот: Навивачите на Закхо ја освоија наградата „Најдобри навивачи“ за 2025!

Објавено:

Фудбалот е многу повеќе од игра. Оваа вистина најсилно ја докажаа навивачите на ирачкиот клуб Захко СЦ, кои се заслужни добитници на престижната награда „Најдобри навивачи според ФИФА за 2025“.

Признанието е доделено за еден исклучително трогателен и инспиративен гест што се случи во мај 2025 година. Пред натпреварот од ирачката Ѕвездена лига против Ал-Худуд СЦ, поддржувачите на Захко фрлија илјадници плишани играчки од трибините на теренот. Сите овие играчки беа собрани и донирани на локални деца кои се борат со болести.

Овој чин на колективна сочувствителност и дарежливост покажа како фудбалот може да нè обедини и да нè инспирира за поголеми хуманитарни дела.

„Нема место како Захко“

За оваа уникатна поддршка и награда зборува и долгогодишниот ирачки репрезентативец и капитен на Захко, Ахмед Ибрахим. Со 118 настапи за националниот тим, тој играл низ целиот свет, во ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, но како што вели за ФИФА:

„Сум играл насекаде, 12 години за репрезентацијата, и првпат во животот гледам вакви навивачи. Играч сум во Захко веќе три години и навистина е извонредно, навивачите се навистина неверојатни. На секој натпревар доаѓаат, без разлика дали играме со голем или мал тим, стадионот е секогаш полн. Кога играме на гости, доаѓаат во ист број, патуваат во Ербил, Багдад, Басра, насекаде. Тоа е навистина посебно“.

Извор: https://www.fifa.com

Но, она што ги издвојува навивачите на Захко не се само бројките и страста, туку нивните хуманитарни активности. Капитенот Ибрахим се присетува на тој извонреден мајски ден, нагласувајќи дека тоа е само дел од многу поголема хуманитарна мисија:

„Тие го направија овој извонреден чин фрлајќи играчки на теренот за да им помогнат на децата. Во нашиот регион има многу болни деца со медицински потреби и ова им помага. Тие прават многу работи како ова, одат во училишта, им помагаат на бездомниците или на оние без лекови и храна… Градот е мал, но срцата на навивачите се толку големи“.

Захко, град лоциран на турската граница со едвај 250.000 жители, можеби е мал, но неговите навивачи покажаа дека со големо срце може да се постигне глобално признание.

Извор: https://www.fifa.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено