„Средете си ги животите!“: Иан Холовеј „одлепи“ среде интервју, му пречеа судиите, порталите…

Објавено:

Ако мислевте дека победа од 3-1 е причина за славје, тогаш не го познавате доволно Иан Холовеј. Менаџерот на Свиндон Таун приреди „шоу“ за историја по мечот со Бароу, претворајќи ја стандардната изјава во четириминутен напад на бес кој ги собори сите децибели.

Сè започна со едно невино прашање: „Што мислите за натпреварот?“. Холовеј, наместо за тактика, почна да „грми“ за неправдите на ФА, за капитенот кој е суспендиран поради „чепкање на интимни делови“ на противниците и за замислете, неспособноста на компјутерите.

Технологијата е виновна за сè!

Гневот на Холовеј делумно беше насочен кон административната грешка на неговиот клуб. Секретарката на Свиндон внела погрешно име во официјалниот портал на лигата, па играчот Арон Дринан влегол во игра иако го немало на списокот.

„Што е тоа професионално? Таа погледна во порталот, притисна погрешно копче и излезе погрешно име на тие одвратни компјутери кои на крајот ќе го завладеат светот!“, врескаше Холовеј во микрофонот на BBC Radio Wiltshire.

„Средете си ги животите, вие смрдливци едни!“

Мелтдаунот на Холовеј не застана кај порталите. Тој имаше порака за секој што е вклучен во фудбалските власти во Англија, користејќи „Caps Lock“ во живо:

„ГНАСНО Е! Сакаат да ме казнат? ДОБРО! Сакаат да ме суспендираат? ДОБРО! НАПРАВЕТЕ ГО ТОА! Погледнете се во огледало, СЕКОЈ ЕДЕН ОД ВАС! ОВА Е АПСОЛУТНО ГНАСНО! Средете си ги животите, секој еден смрдливец од вас!“

Од фудбал до тетоважи

Во еден од најбизарните моменти на интервјуто, Холовеј некако успеа да го поврзе фудбалскиот гнев со лична трагедија. Кога новинарот го праша како е задоволен од карактерот на тимот, 62-годишниот стратег почна да зборува за… озонската обвивка и тетоважницата на неговиот син.

„Светот не е тоа што треба да биде, нели? Тоа го сфатив кога му ја запалија продавницата за тетоважи на мојот син,“ промрморе Холовеј, оставајќи ги сите слушатели во тотален шок и неверување.

На крајот, Холовеј само додаде: „Како и да е, да се вратиме на фудбалот“.

Потсетуваме, неговиот Свиндон победи со 3-1. Можеме само да замислиме што ќе се случеше доколку изгубеа, веројатно ќе слушнавме теорија за тоа како илуминатите му го дупнале гумениот чамец на Клод Пуел.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено