Со драматичниот натпревар меѓу Њукасл Јунајтед и Ливерпул заврши второто коло од Премиер Лигата, а “црвените” не успеаја да дојдат до голема гол разлика за да го заземат првото место на табелата после завршувањето на колото.
Па така, Арсенал останаа први на табелата, а навивачите конечно можат да здивнат бидејќи нивниот клуб не е втор на табелата, па интернет “хејтерите” барем една недела ќе ги остават на раат.
Втори на листата оваа недела се Тотенхем, кои имаат само еден гол помалку од Арсенал во гол-разликата, а трети со исто шест поени како и првите два клуба, се шампионите од минатата година Ливерпул.
Сезоната има уште многу за играње, а сега за сега табелата изгледа вака:




