11.8 C
Skopje

Стевковски: “Вардар е кандидат за титулата, но ние имаме свои амбиции!”

Објавено:

Денес во Кавадарци со дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш ќе стартува второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќинот вели дека има огромна почит кон денешниот противник, но сепак веруваат во своите амбиции да одат на победа.

Голманот на Тиквеш, Христијан Стевковски, кој беше одличен во првиот натпревар против Работнички, за веб страната на ФФМ ги кажа своите очекувања од денешниот дуел.

“Вардар е една од најквалитетните екипи во домашниот шампионат во моментов и тоа го покажува долгата низа на мечеви без пораз. Освоениот Куп, настапот во Европа, сето тоа не е случајно. Вардар игра многу дисциплинирано и тоа за нас е дополнителен мотив да одиграме добар меч. Само доколку бидеме на највисоко ниво ќе дојдеме до посакуваниот резултат”, вели Стевковски.

Извор: https://www.ffm.mk/

Стевковски, кој беше одбран и во идеалниот тим од првото коло, вели дека никогаш не смее да се потцени неговиот клуб.

“Вардар заслужува огромен респект и е еден од главните кандидати за шампионската титула сезонава. Сепак, Тиквеш е тим кој никој не смее да го потцени, бидејќи имаме квалитет на секоја позиција. Атмосферата во тимот е одлична и очекувам квалитетен и неизвесен меч. Секако, се надевам на огромна поддршка од цело Кавадарци, за да можеме да дојдеме до посакуваниот резултат”, вели тој.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено