5.8 C
Skopje

Што треба да одбере Шешко: Манчестер Јунајтед или Њукасл?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ден 1583 од дневникот на спортските новинари за трансфери: Бенјамин Шешко уште нема официјална одлука за неговиот нов клуб. Но, благодарение на одличната анализа на “The Athletic”, ви ги носиме причините зошто треба или не треба да избере еден од двата клубови од Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед и Њукасл поднесоа сериозни понуди за напаѓачот на РБ Лајпциг, а одлуката сега е во негови раце.

По првата одбиена понуда од 75 милиони евра + 5 во бонуси, Њукасл понуди најмалку 80 милиони евра. Јунајтед одговори со пакет од 75 милиони плус уште 10 во лесно остварливи бонуси. Лајпциг сè уште официјално не одговорил, но ако ги прифати двете, Шешко ќе мора да одлучи: статусот или стабилноста?

Извор: https://x.com/ManUtd

Зошто треба да го избере Манчестер Јунајтед?

Шешко би облекол дрес кој тежи со историја. Иако клубот е далеку од својата златна ера, магијата на Олд Трафорд уште трае. За многумина, играњето за Јунајтед е сон од детството, иако Шешко имал само 4 години кога Јунајтед ја освои Лигата на шампионите во 2008, тој пораснал слушајќи за славата на Фергусон, Роналдо, Руни.

Јунајтед е глобален бренд. Поголеми плати, повеќе спонзорски договори, повеќе блескави светла на големата сцена. За некои играчи, тоа е доволно.

Извор: https://x.com/NUFC

Зошто треба да го избере Њукасл?

Многу повеќе фудбалски причини. Под водство на Еди Хау, клубот го доживеа своето будење. Играчите како Исак, Гимараеш, Џоелинтон и Гордон буквално процветаа под него, нешто што не може да се каже за многу фудбалери кои доаѓаат на Олд Трафорд.

Во Њукасл, Шешко би имал вистинска шанса да биде прв избор. Калум Вилсон си замина, а се шпекулира и за продажба на Исак. Единствена конкуренција би му бил младиот Осулa. Дополнително, Њукасл игра во Лигата на шампионите, додека Јунајтед оваа сезона ќе ја следи Европа од дома.

И што е исто така важно – Њукасл нуди стабилна средина, помал притисок од медиумите и повеќе време за адаптација.

Зошто да не го избере Манчестер Јунајтед?

Сезоната заврши катастрофално со 15-то место во Премиер лигата и без европски фудбал. Тренерот Рубен Аморим има интересни идеи, но неговата иднина не е гарантирана. Јунајтед е проект со многу прашалници.

Ако Сешко сака стабилен развој, Јунајтед можеби не е вистинската средина во моментов.

Зошто да не го избере Њукасл?

И покрај позитивниот тренд, Њукасл не е имун на проблеми. Имаат ограничен буџет за плати и неколку целни играчи веќе ги одбија. Шешко ќе биде дел од тим што мора да се носи со Лигата на шампионите, Премиер лигата и домашните купови, а ростерот не е особено длабок.

Секако, нема ни близу до глобалната видливост на Јунајтед, ниту на теренот, ниту надвор од него.

Заклучок:

Ако Шешко сака да се потпре на емоции и слава – Јунајтед е одговорот.

Ако сака логика, минути, развој и стабилност – Њукасл му нуди подобар пат.

А можеби, најпаметна одлука би била… да остане уште една сезона во Лајпциг?

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено