Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез доживеа вистински кошмар на својот прв официјален настап за Атлетико Мадрид откако јавно ја изрази желбата за трансфер. За време на натпреварот против Виљареал (2-2), навивачите на „јорганџиите“ испратија брутална порака до 26-годишниот голгетер, создавајќи вжештена атмосфера на стадионот „Метрополитано“.
Свирежи, навреди и фрлен шал во тунелот
Негодувањето на трибините започна уште пред почетокот на средбата кога спикерот го прочита името на Алварез, а продолжи со гласни свирежи додека се загреваше покрај аут-линијата. Кога во 67. минута влезе во игра на местото на Марк Пубил, од трибините одекнаа свирежи и навредливи скандирања со порака веднаш да си замине од клубот.
По завршувањето на натпреварот, видно разочараниот Алварез не им аплаудираше на навивачите заедно со соиграчите, туку се упати директно кон тунелот, каде што пред неговите нозе беше фрлен клупски шал на Атлетико.
Тренерот Диего Симеоне по мечот изјави дека одлуката Алварез да не се поздравува со публиката била на клубот, додека голманот Јан Облак повика на единство: „Ситуацијата не е пријатна за никого, но Хулијан е наш играч и додека е тука ќе има максимална поддршка од нас“.
This is just unprofessional from Julian Alvarez, not going to lie.
— CitySide (@CitehSide) August 23, 2026
A couple of years ago, he wanted to leave City because he was a substitute, behind Haaland in the pecking order.
Atletico Madrid gave him the spotlight, paid a fortune to him and for him, built their entire team…
Барселона сонува, но Атлетико бара 150 милиони евра
Причината за ваквиот револт е јасната желба на Алварез да замине во Барселона, која го гледа Аргентинецот како примарна мета по заминувањето на Роберт Левандовски во МЛС и Феран Торес во ПСЖ. Сепак, раководството на Атлетико е категорично дека нема намера да го продаде својот играч на директен ривал во Ла Лига, а секој заинтересиран клуб ќе мора да плати најмалку 150 милиони евра.
Поради непопустливоста на мадриѓаните, кај каталонскиот гигант расте песимизмот, па спортскиот директор Деко веќе разгледува алтернативни решенија за позицијата класичен напаѓач.
Арсенал во трка, но играчот има други планови
Единствениот клуб на кого Атлетико би се согласил да го продаде Алварез е лондонски Арсенал. „Топчиите“ веќе остварија први контакти со агентите на напаѓачот, но проблем претставува ставот на самиот фудбалер – Алварез нема голема желба за враќање во Премиер лигата и негов приоритет останува само преселба на „Камп Ноу“.
Со оглед на тоа што преодниот рок завршува на 1 септември, пред Атлетико и Алварез се денови на неизвесност во кои ќе мора да се најде решение за оваа тензична ситуација.



