Швјонтек и Паолини во финалето на турнирот во Синсинати!

Објавено:

Ига Швјонтек повторно стреми кон врвот на ВТА листата, откако ја запечати и својата победа над Елена Рибакина во полуфиналето на турнирот во Синсинати.

Швјонтек ја победи Рибакина по четврти пат во меѓусебните дуели, после возбудливиот меч кој заврши со 7-5, 6-3 во сетови. Шампионката од Вимблдон губеше со 5-3 во првиот сет, пред да направи пресврт и да дојде до посакуваната победа.

“На почетокот нивото на игра беше на лудо ниво. Игравме многу брзо и понекогаш немаше време да се стигне до втората топка”, изјави Ига после мечот.

Извор: https://x.com/CincyTennis

Претходно дента тешка задача имаше и Италијанката Јасмин Паолини која на крајот ја совлада Русинката Вероника Кудерметова со 6-3, 6(2)-7(7), 6-3 во сетови, за да стигне до финалето во Синсинати.

Сега двете финалистки ќе се сретнат утре на полноќ според македонско време, за крај на турнирот во Синсинати и предвесник за Гренд Слем турнирот УС Опен кој ни следува веднаш потоа.

Извор: https://x.com/CincyTennis

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено