Швјонтек се пошегува дека ќе ги налути Италијаните

 

Објавено:

Ига Швјонтек вчера го освои својот прв трофеј на Вимблдон, а младата полска тенисерка на прес конференцијата за медиумите после натпреварот зборуваше за тоа колку не ја очекувала победата, но дека е пресреќна што постигнала таков успех на теренот на кој претходно немала добри резултати.

Меѓу сите нејзините интервјуа за време на Вимблдон, таа во една прилика изјави дека нејзиното омилено јадење се тестенини со јагоди, а сега после победата, таа се пошегува за таа изјава.

“Само што добив порака од турнирот Италија Опен дека ќе ги додадат тестенините со јагоди на главното мени за идната година. Се надевам дека нема Италијаните да ме замразат поради тоа”, низ шега рече Ига.

Швјонтек вчера постигна неверојатен резултат, па не и дозволи на својата противничка Аманда Анисимова да освои ниту еден гем, нешто што не е видено на Вимблдон уште од 1911 година.

Извор: https://www.wimbledon.com
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено