Швјонтек со убедлива победа за финале!

Објавено:

Полската тенисерка Ига Швјонтек денес беше доминантна во полуфиналето против Швајцарката Белинда Бенчиќ. Ига со резултат од 2:0 или 6-2, 6-0 во сетови успеа без поголеми проблеми да дојде до финалето на Вимблдон.

Ова ќе биде прво финале за Швјонтек, а нејзините резултати на овој турнир се одлични ако се земе во предвид дека претходно таа не постигнуваше особени резултати на тревна подлога.

Резултатите од денешниот ден ни донесе две финалистки на кои ова ќе им биде прво финале на Вимблдон, па Швјонтек ќе се сретне со Анисимова оваа сабота за историски меч и за двете тенисерки.

“Тенисот не престанува да ме изненадува”, изјави осмо рангираната полска тенисерка по победата денес.

“Не ни сонував дека ќе биде возможно да играм во финалето, па сум многу возбудена и многу горда на себе. Иако сум млада, досега мислев дека сум искусила многу, но досега не сум играла финале на трева, па ова е многу возбудливо за мене”, додаде Швјонтек.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено