Тен Хаг изгуби од младинците на Фламенго со 5:1!

Објавено:

Тренерот Ерик тен Хаг вечерва го имаше својот деби натпревар на чело на германскиот Леверкузен, но првиот натпревар беше далеку од неговите очекувања и амбиции.

Леверкузен го изгуби натпреварот против младинскиот тим на бразилскиот Фламенго (У20) со 5:1, покренувајќи лавина од коментари на социјалните мрежи.

Тен Хаг беше пред сериозен предизвик откако го замени успешниот стратег Чаби Алонсо на клупата на бундеслигашот, со кого Леверкузен ја освои титулата во 2024 без ниту еден изгубен натпревар.

Холанѓанецот дојде во Леверкузен откако ја заврши својата кариера во Манчестер Јунајтед во октомври 2024 година, каде имаше неславен процент од 31.8% изгубени натпревари и проблеми со одбраната.

Пред натпреварот тој изјави: “Почнуваме од нула сега. Минатото повеќе не важи. Мора да работиме многу напорно, секој ден. Нашиот менталитет мора да биде: доброто не е доволно добро, мора да бидеме подобри. Сакаме да создадеме нова ера”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено