Тензија пред финалето во Абу Даби: Тимски наредби во Мекларен, „заговори“ во Австралија и доминација на Норис!

Објавено:

Викендот на одлука во Абу Даби започна, а атмосферата во гаражата на Мекларен е на точка на вриење. Ландо Норис влегува во финалето со 12 поени предност пред Макс Верстапен, додека Оскар Пјастри е само 4 поени зад Холанѓанецот.

Но, наместо фокус на патеката, главна тема се „тимските наредби“ и бизарните теории на заговор кои стигнаа дури до австралискиот парламент.

Зак Браун пресече: „Ќе користиме здрав разум!“

Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, потврди дека тимот е подготвен да интервенира ако е потребно. Иако двајцата возачи стартуваат со еднакви шанси, ситуацијата може да се промени во текот на трката.

„Ако стане јасно дека двајцата не можат да ја освојат титулата, ќе го направиме она што е во најдобар интерес на тимот… Нема да фрлиме возачка титула поради 6-то или 7-мо место“, изјави Браун, нарекувајќи го ова „здрав разум“. Тој е уверен дека Пјастри ќе послуша наредба ако треба да му помогне на Норис, но нагласи дека тркањето ќе биде „чисто“ и нема да има намерно блокирање на Верстапен.

Извор: https://www.the-race.com/

Пјастри тема во Парламентот: Саботажа или стратегија?

Во Австралија, татковината на Пјастри, незадоволството е огромно. По катастрофалната стратегија во Катар која го чинеше победа, се појавија теории дека Мекларен намерно го саботира Оскар во корист на Ландо. Ова стигна дури и до австралискиот сенат!.

Дополнително масло на огнот долеа и фактот што Пјастри го преседе првиот тренинг (FP1) во Абу Даби, додека Норис возеше. Иако ова е задолжително правило за млади возачи (возилото го отстапи на Пато О’Вард), фановите го протолкуваа како уште еден доказ за „заговор“.

На патеката: Норис лета, Пјастри се мачи

Додека се водат политички битки, на патеката „Јас Марина“ Ландо Норис покажа зошто е лидер. Тој беше најбрз на двата тренинзи денеска.

  • FP1: Норис заврши пред Верстапен со само 0.008 секунди предност.
  • FP2: Британецот повторно доминираше (1:23.083), оставајќи го Верстапен на +0.363 секунди.

За Пјастри, денот беше тежок. Пропуштањето на првиот тренинг и големата грешка на вториот го оставија на разочарувачкото 11-то место.

Дали Мекларен ќе издржи под притисокот или внатрешните игри ќе им ја подарат титулата на Верстапен? Одговорот го добиваме в недела!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено