Тијаго Силва, легендата на бразилскиот фудбал, дури и на 40 години игра без компромиси за својот клуб од детството Флуминенсе на ова Светско клупско првенство.
Тој е вистински лидер на тимот, од емотивните мотивирачки говори во соблекувалната, до извонредните потези и вештини на теренот. Но, имаше време кога тој беше легендарен и клучен играч и на англискиот гигант Челси, со кои ќе се сретнат во полуфиналето токму вечерва.
“Ќе им помогнам на тренерите со некои интересни совети и детали. Нешто што ќе остане меѓу нас”, изјави капитенот на бразилците пред средбата со својот поранешен клуб.

Тијаго Силва својата кариера во Челси ја започна во 2020 година, како слободен играч на 35 години. Кога сите мислеа дека неговата возраст ќе биде пречка за истакнување на неговите квалитети, тој го докажа спротивното, со што за брзо време ги замолчи критичарите.
Силва стана скелетот на одбраната на Челси, а неговото лидерство, професионализам и умешноста да ја прочита играта, го направија омилен меѓу навивачите и пример за колегите од соблекувалната.

Врвот на неговата кариера во Челси беше во 2021 година, кога тој им помогна на “Сините” да го подигнат трофејот во Лигата на шампионите, играјќи клучна улога во одбраната на клубот низ текот на целиот турнир. Тој исто така ги освои и Супер купот на УЕФА и Клупското првенство на ФИФА, комплетирајќи го својата историска европска кариера.
Сега, тој има задача да го стори истото за својот клуб од детството, онаму каде и што започна неговата кариера, во бразилскиот Флуминенсе. Несомнено, ова ќе биде навистина интересен натпревар за капитенот и вистинска фудбалска легенда за двата тима.