Томас Милер: “Порано го бирав Роналдо, сега мислам дека Меси е најдобриот!”

 

Објавено:

Германската фудбалска легенда, Томас Милер, ова лето го напушти својот долгогодишен дом во Баерн Минхен и се приклучи на Ванкувер, тим кој игра во МЛС лигата, каде игра и Лео Меси во последните години.

Во интервју за МЛС лигата, Милер беше запрашан кој е за него најдобриот фудбалер на сите времиња, по што Германецот даде навистина интересен одговор.

“Да бидам искрен, Меси за мене е најдобриот играч кој го имаме во оваа игра. Отсекогаш ја имаме онаа дебата дали е Роналдо или Меси најдобриот, тие двајцата се луди, но Меси е малку поелегантен”, изјави Милер.

Тој додаде: “Мислам дека во моите први 10 години како професионален фудбалер секогаш го бирав Роналдо во таа дебата за кој е најдобриот, но сега сум постар и поромантичен и повеќе го ценам стилот на игра, отколку само перформансите и работната етика. И откако Меси го освои Светскиот куп со Аргентина, го одбирам него”.

Тој одговори и на прашањето што мисли дека било клучно за него и неговите тимови да го запрат Меси во претходните дуели низ годините и кој е неговиот ефект врз играта.

“Навистина не знам што е тоа што ни успеваше доволно пати. Имавме и големи порази против Барселона. Еднаш во 2015 година, кога ја освоија Лигата на шампионите, ние изгубивме од нив. Но, на крајот, стварно не знам”, изјави Милер.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено